НАСА прикажа слики од прототипот на усовршениот модел на „Z-2“ вселенско одело што ќе го носат астронаутите што ќе патуваат на Марс.
Ова одело е наменето да се користи само за една цел, а тоа е да им овозможи на астронаутите да се движат и да ја истражуваат планетата. Оделото нема да се носи за време на движењата во вселената или во леталата, но ќе се користи откако луѓето ќе стигнат на Марс.
„Оделото е дизајнирано да им овозможи максимална продуктивност на астронаутите на површината на планетата при истражувањето, собирањето на примероци и маневрирањето во и надвор од живеалиштата и роверите“- објаснуваат од НАСА.
Исто така, рамената и делот околу половината на оделото може да се прилагодуваат, со цел што поголем број лица да може да користат исто одело. Но, и покрај флексибилноста, оделото „Z-2“ е исклучително цврсто и има компактно торзо.
На оделото се направени повеќе измени од неговата оригинална верзија. Оделото „Z-2“ беше избрано минатата година како дел од јавна анкета и еве како изгледа оригиналниот цртеж.
Еве како изгледа сега од предната страна.
Ова е задната страна
Оделото е со слична сива боја, но на предната страна се додадени црвени електролуминисцентни делови што ќе овозможат подобра видливост во темница. Она што се гледа на задната страна претставува отворот преку кој астронаутите ќе „влегуваат“ во оделото.
Оделото сега ќе биде тестирано тука на земјата, но сѐ уште нема да оди во вселената, бидејќи не е покриено со материјали за заштита на астронаутите од вселенската радијација.