Динамитот е секако една од работите со кои треба многу внимателно да се ракува, но луѓето од каналот „Hydraulic Press“ направиле експеримент за да видат што ќе се случи доколку динамитот се згмечи под преса.
Очигледно постои преносна хидраулична преса, а хероите од овој „Youtube“ канал поставиле една таква на отворен простор и во неа ставиле неколку стапчиња динамит, за да ги тестираат под притисок.
Интересно, но динамитот е малку поотпорен на притисок отколку што можеби ќе помислите. Но, сепак во видеото ќе видите експлозија.
Веројатно нема потреба да ве потсетуваме ова никако да не го пробувате дома, дури и ако евентуално имате пристап до хидраулична преса и динамит.
Но, затоа, слободно погледнете го видеото.
Поддржете ја нашата работа: