Хипоалбуминемија е здравствена состојба којашто се појавува кога нивоата на албумин во крвта се многу ниски. Албумин е протеин во крвта што сочинува значителен дел од крвната плазма. Како главен протеин во крвната плазма, албуминот игра улога во многу функции на организмот, вклучувајќи го и одржувањето на притисокот во крвните садови и транспортните супстанции, како што се хормоните и лековите.
Имено, албуминот се врзува за овие супстанции, вклучувајќи ги и хормоните и некои лекови, за да им помогне да патуваат низ телото. Оттука, е важно да се потенцира дека кога нивоата на албумин се ниски, крвта можеби нема да може ефикасно да ги пренесе основните супстанци до важни делови на организмот.
Факти за хипоалбуминемиј
– Докторите ја дефинираат како синдром или група од симптоми;
– Со консумација на храна богата со албумин, луѓето можат да ги зголемат своите нивоа на албумин;
– Симптомите на низок албумин може да варираат во зависност од многу причини.
Причини за појава на хипоалбуминемија
Нивоата на албумин под 3,4 грама на децилитар (g/dL) се сметаат за ниски. Хипоалбуминемија може да предизвика голем број здравствени проблеми. Заради ова, утврдувањето на причината за хипоалбуминемија е од огромно значење за ефикасен третман на истата. Најчести причини за развивање на оваа состојба се:
Заболување на црниот дроб
Црниот дроб произведува албумин и, оттука, тестовите за албумин често се прават за проверка на здравјето на црниот дроб. Многу болести може да предизвикаат оштетување на црниот дроб, вклучувајќи цироза, рак на црниот дроб, хепатитис или заболување на црниот дроб поврзано со алкохол.
Срцева слабост
Кај некои луѓе што имаат акутна срцева слабост може да се развијат ниски нивоа на албумин. Сепак причината за развивање на хипоалбуминемија заради срцева слабост сè уште не е добро разбрана.
Оштетување на бубрезите
Различните заболувања на бубрезите може да предизвикаат ослободување на големи количини на протеини во урината, што може да доведе до развој на хипоалбуминемија.
Ентеропатија со протеинска загуба
Некои стомачни и гастроинтестинални состојби, вклучувајќи ги целијачната болест и инфламаторното заболување на цревата, може да предизвикаат дигестивниот систем да изгуби многу протеини. Ова предизвикува синдром наречен ентеропатија со протеинска загуба што може да доведе до ниски нивоа на албумин.
Лоша исхрана
Кај луѓето коишто се хранат слабо, не внесуваат доволно клучни хранливи материи или одредени медицински состојби го отежнуваат нивното апсорбирање на хранливите материи, може да развие хипоалбуминемија. Некои луѓе кои се подложени на хемотерапија може се соочат со лоша исхрана што може да ги зголеми шансите за појава на хипоалбуминемија.
Поретко хипоалбуминемија може да се развие како резултат на сериозни изгореници, инфекција во крвта – сепса, алергиски реакции, лупус, хипотироидизам или дијабетес.
Симптоми на хипоалбуминемија
Развојот на хипоалбуминемија може да предизвика широк спектар на симптоми, како што се конфузија, вртоглавица и намалена енергија коишто се чести кај луѓето што се соочуваат со лош начин на исхрана. Други чести симптоми на хипоалбуминемија вклучуваат:
- вишок протеин во урината;
- задржување на течности што предизвикува оток, особено на нозете или рацете;
- знаци на појава на жолтица, вклучувајќи жолта кожа или очи;
- чувство на слабост или исцрпеност;
- брзо отчукување на срцето;
- повраќање, дијареа и гадење;
- промени во апетитот;
- ослабување на влакното на косата;
- многу сува или иритирана кожа.
Третман на хипоалбуминемија
Вообичаено, додека лекарот се обидува да ја открие причината за хипоалбуминемија и да започне со терапијата, некои мерки може да го намалат ризикот од сериозни компликации. На пример, некои луѓе можеби ќе треба да земат лекови за да ги зголемат нивоата на албумин. Кога станува збор лекувањето на хипоалбуминемија, најважно е да се одговори на основната причина за појава на истата. Оттука, кај луѓето кај коишто ќе се појави оваа состојба треба да се направат различни тестови за точно да се утврди зошто во крвта има намалено ниво на албумин.
Третманот хипоалбуминемија може да вклучи:
- лекови за крвен притисок за лица со бубрежна болест или срцева слабост;
- промени во животниот стил, особено избегнување на алкохол кај луѓе со заболување на црниот дроб;
- лекови за управување со хронична гастроинтестинална болест или намалување на воспалението во телото;
- антибиотици доколку лицето има равиено хипоалбуминемија заради потешки изгореници;
- промени во исхраната за да се намали сериозноста на болести поврзани со срцето или бубрезите.
Кај лицата кај коишто се развива хипоалбуминемија поради откажување на некој од органите може да имаат потреба од трансплантација.
Извор: PharmaNews