Во крими сериите форензичарите често можат да извлечат нечија ДНК од влакно на косата, но тоа е всушност многу потешко отколку што изгледа. Поголемиот дел од косата се мртви клетки, кои кога умираат се слепуваат заедно за да формираат кератин. Во тој процес, јадрото и ДНК се уништуваат, па обично за да се добие примерок од косата со целосна и корисна ДНК, треба да има корен во прилог.
Но, дури и без корен, косата може да биде полна со тајни. Кератинот има сулфурни атоми кои се врзуваат со елементи. Овие елементи се сведоци за се што сте внеле во вашето тело. Косата може да се користи за да дознаете дали некој користел марихуана, опијати, амфетамини, или фенциклидин. И бидејќи тие елементи се врзуваат за вашата коса додека расте, колку е подолга, толку повеќе податоци содржи. Бричењето на главата нема да ви помогне, затоа што и влакната од телото може да се користат во тестови за дрога, а бидејќи растат побавно, всушност би можеле да претставуваат еден подолг временски период, можеби и до една година.