Што се случува во моторот на Формула 1 автомобилите?

Ако знаете по нешто за автомобилите и физиката веројатно ви е познато дека моторите со внатрешно согорување создаваат движење преку распрскување на гориво и кислород, создавајќи сила која ги потиска клиповите надолу и предизвикува движење на тркалата.

Но дали, од научна гледна точка, и тркачките автомобили Формула 1 ги користат истите закони на физиката за да добијат многу поголема снага од обичните автомобили?

Во оваа епизода од новата серија, екстремниот инженер Џими де Вил и презентерот Грег Фут го објаснуваат ова преку неколку извонредни забавени снимки. Но, за да биде уште повозбудливо, тие прават и маестрална презентација за тоа како работи турбо полначот, преку лансирање на нивна сопствена „ракета“ од шише.

И секако, овде се развива експлозија, па затоа не го пробувајте ова дома.

https://www.youtube.com/watch?v=roSA9BfhBU4

Поддржете ја нашата работа: