Што се случува во телото кога ќе биде погодено од куршум?

Покрај огромната болка што ќе ја чувствувате, што друго се случува во телото кога ќе биде погодено од куршум? Во видеото на „Brit Lab“на „BBC“, на успорена снимка е прикажано што предизвикува куршумот во телото.

Водителот во видеото прво пука од пиштол од мало растојание во нога од свиња, бидејќи анатомски е слична со човечката. Куршумот прави мала дупка, но е доволно силен да ја пробие целата нога. Потоа, за да види што се случува внатре, пука во балистички желатин кој има иста конзистенција како и човечкото ткиво.

Поминувајќи низ желатинот, куршумот остава голем тунел позади себе. Ова се случува бидејќи куршумот пренесува дел од својот момент на сила на желатинот. Ова ги предизвикува сите видови на внатрешни оштетувања, затоа што енергијата прави околните ткива наеднаш да се шират и да се собираат.

За да спречат куршумот да го пробие телото, полицајците и војниците користат кевлар панцири кои се направени од синтетички влакна слоевито вткаени во материјалот и се поцврсти од челик. Тие можат да го запрат куршумот испукан од пиштол од мало растојание. Посилните поголеми куршуми од автоматските пушки можат да ги пробијат овие панцири, па затоа тие се појачани со керамички плочки. Панцирите се носат на предната и на задната страна од торзото и можат да спречат куршум од автоматска пушка. Но, ниедна форма на заштита не е целосно непробојна. Ако пукате долго време, куршумот на крај ќе го пробие панцирот.

Г.Драган Маркоски (Dragan Markoski) коментираше на оваа тема и даде свое видување по ова прашање.

„Она што мене ми е познато како Криминалист, на предметот по Судска медицина е дека прострелните рани од куршум можат да се поделат на три вида рани и тоа :
1.Пенетрирачка рана, која има само влезна рана во телото на жртвата.
2.Перформирачка рана, таа е со влезно излезни рани на телото, и има облик на ,,ѕвезда” со траги на барут, пошто е од близина истрелан проектилот.
3.И пенетрирачки или рикошетни рани, каде проектилот пред да го погоди жртвата, поминува низ одреден предмет, каде остава честопати две рани како остаток од расцепнатиот куршум.“

Поддржете ја нашата работа: