Симптоми на биполарно растројство

Биполарното растројство или уште познато како манична депресија е ментална состојба која предизвикува екстремни промени во расположението, заедно со флуктуации на енергијата и нивото на активност.

Ова е сериозна ментална болест која ја ограничува способноста на пациентот да ги извршува секојдневните обврски и има потенцијал да ги уништи и професионалните и личните односи со другите лица.

Според Американското здружение на психолози, во некои тешки случаи, емоционалната нерамнотежа може да доведе до размислување и обиди за самоубиство.

Постојат две категории на симптоми кај оваа болест и тоа:

 

 

Симптоми на манична епизода, кои вклучуваат:

  • Чувство на еуфорија
  • Зголемено чувство на самодоверба
  • Привремено нарушување на правилното пресудување
  • Брзо зборување проследено со брзо размислување
  • Впуштање во високо-ризично однесување, вклучувајќи и агресија
  • Лесно одвлекување на вниманието, расеаност

download

Симптоми на депресивна епизода, кои вклучуваат:

  • Чувство на празнина и очај
  • Напади на екстремна тага
  • Несоница и други проблеми поврзани со спиењето
  • Самоубиствени мисли, во екстремни случаи
  • Вознемиреност поради мали нешта
  • Необјаснив замор и неостаток на волја за да се извршуваат секојдневните активности
НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.