Синдром на хроничен замор

СПОДЕЛИ

Синдромот на хроничен замор е многу повеќе од само чувство на претеран замор и истоштеност. За прв пат е опишан како болест во 1980 година. Се карактеризира со замор кој не се подобрува по одмор и се влошува по физичка или ментална работа. Лицата кои патат од овој синдром не можат нормално да функционираат.

Причината за синдромот на хроничен замор е непозната, иако постојат многу теории, почнувајќи од вирусни инфекции па се до психолошки стрес. Некои експерти сметаат дека синдромот на хроничен замор е резултат на неколку фактори, најверојатно комбинација на фактори кои влијаат на луѓето кои се родени со предиспозиција за ова нарушување. Некои од факторите кои се земени предвид се:

  • Вирусни инфекции.  Некои луѓе го развиваат синдромот по вирусна инфекција. Сомнителни вируси се „Epstein-Barr“, хуманиот херпес вирус 6 и глувчешката леукемија.
  • Имунолошкиот систем. Имунолошкиот систем на луѓето кои имаат синдром на хроничен замор е најчесто оштетен, но не е јасно дали тоа оштетување е доволно за да предизвика нарушување.
  • Хормонален дисбаланс. Луѓето кои имаат синдром на хроничен замор, исто така, понекогаш имаат абнормални крвни нивоа на хормони произведени во хипоталамусот, хипофизата или надбубрежните жлезди.

Фактори кои може да го зголемат ризикот од синдром на хроничен замор се:

  • Возраст. Синдромот на хроничен замор може да се случи на која било возраст, но најчесто ги напаѓа луѓето во нивните 40-ти и 50-ти години.
  • Пол. Жените се дијагностицирани со синдром на хроничен замор многу почесто од мажите.
  • Стрес. Ниво на тешкотија за  управување со стресот може да придонесе за развој на синдромот.

Не постои единствен тест за да се потврди дијагнозата на синдромот, туку низа тестови кои служат за елиминирање на можните медицински состојби. Третманот се фокусира на олеснување на симптомите.

Синдромот на хроничен замор има девет официјални знаци и симптоми:

1. Замор

2. Губење на меморија или концентрација

3. Болки во грлото

4. Зголемени лимфни јазли на вратот или пазувите

5. Необјаснива болка во мускулите

6. Болка која се движи од еден на друг дел од телото без оток или црвенило

7. Специфична главоболка

8. Неквалитетно спиење кое не резултира со одмор

9. Екстремна исцрпеност која трае повеќе од 24 часа по физичка или ментална активност

Тешко е да се каже кој третман е најефикасен, бидејќи хроничниот замор е поврзан со секојдневно променливо расположение. Најефективен пристап за лекување е комбинација од лекови, најчесто антидепресиви и апчиња за спиење, како и психолошко советување. Чувството на контрола врз вашиот живот значително ги ублажува симптомите. Алтернативната медицина како што се акупунтурата, масажата и јогата, исто така се препорачуваат.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------