Сите возови во Холандија возат само на ветерна енергија

Почнувајќи од први јануари оваа година, сите возови од јавниот транспорт во Холандија се напојуваат на енергија од обновливи извори, главно на ветерна енергија.

Во оваа земја, моментално има вкупно 2.200 ветерни турбини што генерираат енергија доволна за потребите на 2,4 милиони домови.

Првично било планирано возовите да почнат да возат целосно на обновлива енергија од 2018 година, но сепак властите успеале да ја остварат оваа цел цела година порано. Од први јануари годинава, сите возови во јавниот транспорт се напојуваат со струја добиена од обновливи извори – главно од ветер.

Земјата на ветерниците е водечка во развојот на ветерната енергија. Според „DutchNews.nl,“ земјата моментално располага со 2.200 ветерни турбини, кои генерираат енергија што е доволна за потребите на 2,4 милиони домови. Само потрошувачката на возовите изнесува околу 1,2 милијарди киловатчасови електрична енергија годишно, што е приближно еднакво со вкупната потрошувачка од сите домаќинства во најголемиот град во земјата, Амстердам. Овој успех е постигнат во партнерство со холандскиот снабдувач на обновлива енергија „Енеко“.

Холандија брзо преминува кон употреба на ветерна енергија, но и другите нации работат во насока на зголемување на производството на енергија од обновливи извори. Минатиот август, Шкотска објави дека успеала да произведе 106 проценти за целокупните енергетски потреби. Шкотска планира да биде со нула емисија на јаглерод до 2020 година. За да ја постигне оваа цел, Шкотска инвестира и во производство на енергија од бранови.

Во истиот правец се движат и САД. Според Америкаската асоцијација за ветерна енергија, во САД функционираат 48.800 турбини, со што во 2015 достигна вкупно производство од 73.992 мегавати електрична енергија. Бројот на турбини во САД е поголем од останатите земји , но и енергетската побарувачката на ваквите големи држави е значително поголема.

Некои студии покажуваат дека дури и државите со големина како САД би можеле целосно да бидат напојувани со обновлива енергија до 2050 година.

https://www.youtube.com/watch?v=lIXH9RL4vKo

Поддржете ја нашата работа: