Скара која работи на сонце

Компанијата „One Earth Designs“ дизјнирала скара на која не и треба оган, туку печењето на храната се одвива со помош на сончевата светлина.

Скарата „SolSource Sport“ се загрева од сончевата енергијата која паѓа на огледала, а која потоа се насочува кон местото кое треба да се загрее за да се спреми храната.

70baa498e8f1d49ab741dd9d04e2c10b_original

Овој извонреден изум се загрева пет пати побрзо од обичната скара со оган, а храната може да се зготви за само 10 минути.

Покрај тоа  „SolSource Sport“ може да се користи на места кадешто не е дозволено да се пали оган, затоа што е многу безбеден за употреба.

Авторите истакнуваат дека со нивниот изум може да се зготви храна дури и кога е облачни и има многу малку сонце. Дури и додека храната се пече, „SolSource Sport“ ќе остане ладен на допир.

Системот е целосно изработен од рециклирани материјали.

Погледнете го видеото

enauka.mk
9,269наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,191денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.