Очигледно, патот до среќата е преку Ози Озборн. Едно неодамнешно истражување покажува дека „ектремните“ музички жанрови како на пр. хеви метал, хард кор, емо и панк, всушност може да ги смират лутите слушатели, што е спротивно на идејата дека дека ваквата музика е поврзана со агресија и деликвентност.
Истражувањето било спроведено на Универзитетот во Квинсленд, Австралија. Притоа, 39 љубители на екстремна музика требало да опишат некоја фрустрирачка ситуација која била поврзана со партнерот, финансиите или работата. За да ги измерат емоциите на учесниците, научниците го мереле отчукувањето на срцето и ги прашале учесниците како се чувствувале за време на таа ситуација. Половина од нив, во текот на 10 минути седеле во тишина, додека останатите слушале песна по свој избор (која спаѓала екстремниот музички жанр).
Наместо да го зголеми бесот и лутината, екстремната музика имала сличен смирувачки ефект како седењето во тишина. Учесниците изјавиле дека ја искористиле музиката за да ја зголемат среќата и чувството на љубов и благосостојба.
Но сепак, истражувачите напоменуваат дека не се сигурни за ефектите во текот на подолг временски период и дека смирувачките ефекти може да се уникатни само за љубителите на тој жанр. Како и да е, изборот на лута музика која ќе одговара на вашето луто расположение може едноставно да претставува начин за подобро разбирање и регулирање на негативните чувства.
Истражувањето е објавено во „Frontiers in Human Neuroscience“.