Смарт телефон за слепи лица


Брендот „Доро“ е специјализиран за апарати наменети за возрасните лица и веќе се достапни „Доро Клариа“ и „Доро 820 мини“, одлични апарати наменети за оваа целна група. Брендот „Доро“ го презентираше и „Доро 820 Клариа“, наменет исклучиво за слепи лица и лица со оштетен вид.

Решението на „Доро“ се состои во силиконска обвивка во која има отвори за прстите и мал релјеф за „сурфање“ по тастатурата. Тастатурата е направена така да биде оневозможено да се активира нешто по грешка.

Тастатурата овозможува да се направат сите основни функции, како да се повика некој број или да се напише порака. Сите функции на телефонот се гласовни – го објаснува она што сакате да го одберете.

Исто така , има и  „GPS“ систем за навигација со корисни информации за лицата со оштетен вид. Ја има и функцијата „Помош“ која го повикува бројот за итни случаи.

Ги има и сите функции карактеристични за паметните телефони, како на пр. интернет прбарувања и музика.

Но, „Доро 820 Клариа“ не само телефон, тој е навистина паметен телефон. Тој може да им помогне на лицата со оштетен вид да го протолкуваат светот околу нив. Софтверот може да ја користи камерата на телефонот за да ги прочита на глас сите текстови што се поставени пред него.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt