Снаодливоста на вилинските коњчиња

Истражувачите го следеле животот на женските вилински коњчиња и забележале чудно однесување кога се соочуваат со несакано машко внимание.

Rassim Khelifa од Универзитетот во Цирих, кој последната деценија ги проучува вилинските коњчиња, вели дека собирал ларви од вилински коњчиња кои живеат покрај мочуришта во Швајцарија, кога за прв пат го забележал таквиот феномен. Имено, кога мажјаците ги прогонуваат, женките доколку сметаат дека не им е потребно нивното внимание, паѓаат на под и глумат дека се мртви, се до оној момент кога мажјакот ќе се откаже и одлета.

Khalif вели, дека никогаш порано не забележал вакво однесување. Последователните истражувања покажале дека ваков случај не се случувал само тогаш. Неговата студија за однесувањето на вилинските коњчиња насловена како “Глумење смрт за да се избегне машка принуда” е објавена во списанието Ecology минатата недела.

Тој следел 31 женка, од кои 27 женки глумеле смрт, со цел на тој начин да ги избегнат мажјаците. Во поголемиот дел од случаевите, нивната глума била успешна.

Се поставува прашањето, зошто женките очајно сакаат да ги избегнат мажјаците?

Khelifa вели дека односот со нов мажјак може да биде ризичен за женката, бидејќи може да ја тргне спермата која останала во женката од претходното парење. Мажјаците од овој род развиле софистицирана структура на половиот орган која исфрла сперма во репродуктивниот тракт многу прецизно.

Поради ова, доволно е едно парење за да се оплоди јајце клетката и нема никакви предности во тоа што женката носи вишок на популација, и не треба второ парење бидејќи тоа е штета за нивниот опстанок.

Поддржете ја нашата работа: