Со апликација против претераното пиење

Апликацијата е објавена во „ВМЈ Innovations“.

Аlcohol  Tracker“ е развиена од страна на лекарите и врз основа на клинички докази за тоа кoj пристап е најефективен, исто така, обезбедува вградени психолошки терапии и телефонска линија и линкови за помош, држејќи ги корисниците подалеку од опасностите на алкохолот. Исто така, вклучен е и валиден прашалник за да дознаете дали вашето пиење ве изложува на ризик.

Вишокот на алкохол убива милиони во целиот свет секоја година, но многу достапни смартфон апликации за управување со пиењето не се конзистентни со клиничките докази и во голема мера служат за забава, велат програмерите на новата апликација. Некои апликации се чини дека дури и промовираат алкохол, додаваат тие.

„Alkohol Tracker“ им овозможува на корисниците да го внесат бројот на пива/ шотови /чаши вино, а потоа се конвертираат во единици. Кога препорачаната дневна или неделна граница е надмината, апликацијата ве алармира.

Границите се дефинирани врз основа на препорачаната безбедна доза за мажи и жени, утврдена со националните критериуми во Велика Британија (NICE) и Канада.

Поддржете ја нашата работа: