Со овој нов уред мажите ќе можат да ја испитуваат спермата и дома

Неколку студии што беа објавени во последните децении укажуваат на постојан пад на машката плодност, иако причините за ова појава се сѐ уште недоволно јасни, а наодите противречни. Но, она што е јасно е дека намалениот број на сперматозоиди може да доведе до неплодност. И покрај тоа што најчесто жените се „обвинуваат“ за неплодност, мажите се целосно или делумно одговорни во половина од случаите на неплодност кај паровите.

Една компанија со седиште во Ливермор, Калифорнија креирала уред со којшто ќе може да го одредите бројот на сперматозоидите во домашни услови, подеднакво квалитетно како и во лабораторија.

Се нарекува „Trak“ и веќе доби одобрение од Управата за храна и лекови на САД да се појави на пазарот.

Во основа се работи за пренослива центрифуга, која работи на следниот начин: мал примерок од спермата се става во патрон за еднократна употреба кој се закачува за базата. Базата го врти патронот како мал пропелер со што спермата се разделува на составните делови. Изолираните сперматозоиди се полнат во проѕирна комора – слично како живата во термометарот, а ознаките на патронот покажуваат дали имате оптимален, умерен или голем број на сперматозоиди. Уредот може да се спои со апликација на паметните телефони, што  ви овозможува да го следите нивото на вашите сперматозоиди и да го споредувате со статистичките податоци.

Иако сѐ уште го нема во продажба, фирмата „Sandstone Diagnostics“ која го произведува уредот им овозможува на луѓето да го резервираат преку нивната веб страна.

358B039500000578-0-image-m-9_1466588031341И да ве потсетиме – се додека здраво се храните, избегнувате долго седење, ако се ослободите од мобилните телефони и долната облека, со вашата сперма би требало да биде сѐ во ред.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,236од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.