Роман го патентирал својот производ по 10-годишно истражување на начините за спречување на различни болести кои ги уништуваат пчелните колонии низ целиот свет. Уништувањето на пчелите значително влијае на жетвите кои се потпираат на инсектите за опрашување.
Експертите од Универзитетот Палацки ќе започнат да го тестираат новиот метод на Роман за уништување на паразитот Вароа со тоа што ќе ги загреваат кошниците до 40 степени Целзиусови, па и повеќе. Пчеларите и претходно се обиделе со методот на загревање, но имале потешкотии и се плашеле да не ги повредат пчелите, бидејќи при тој процес требало целосно да ги отстранат од кошницата.
Роман, кој и самиот е пчелар, ги надминал тие проблеми со едноставно користење на сончевата енергија за неговата термосоларна кошница – техника која ја загрева кошницата преку стаклен покрив во период од 2 часа. Топлината полека се зголемува во металните плочи (обоени со црна боја) поставени во внатрешноста на кошницата, притоа парализирајќи ги, стелиризирајќи ги и на крајот убивајќи ги паразитите, без да се повредат пчелите. Со оваа техника, може истовремено да се работи со 100, па дури и повеќе кошници.