Сонцето може да биде терапија за лицата со шизофренија и депресија

Лицата кои страдаат од психички нарушувања, како шизофренија и депресија, би можеле да имаат подобрување на состојбата доколку подолго време престојуваат на сонце.

Едно ново истражување, презентирано на годинешната конференција на „IEPA“ (International Early Psychosis Association) од страна на истражувачите од Универзитетот во Осло, Норвешка, покажува дека „ниското ниво на витамин Д е поврзано со зголемување на негативните и депресивни симптоми“ кај овие пациенти.

Нучниците вршеле испитувања дали ниското ниво на витамин Д може да е поврзано со специфичните симптоми како и со пад на когнитивните способности кај младите пациенти. Истражувањата и во двата случаи, каде биле испитувани неколку стотини пациенти, покажале дека пости поврзаност помеѓу недостатокот на витамин Д и негативните симптоми, и помеѓу овој витамин и „когнитивното оштетување на брзината на обработка и вербалната флуентност.”

Витаминот Д игра важна улога во многу процеси, меѓу кои и во ресорпцијата на калциумот. Од клучна важност е за развојот на коските и за имунолошките функции. Бидејќи телото продуцира витамин Д само кога е изложено на сонце, луѓето што поминуваат долго време во затворен простор, може да страдаат од недостаток на овој витамин, што претставува честа појава, особено во зимските месеци.

3e487fad-29e6-470b-b079-40316db65393

Поврзаноста на сончевата светлина со менталното здравје не е нова идеја. Според Клиниката Мејо, надостакот од сончева светлина во зимските месеци и во ладните климатски предели е главната причина за сезонското афективно растројство (сезонска депресја) – форма  на депресија што се јавува со промената на годишните времиња.

Долго време се смета дека подолг престој на сонце може да го одобри менталното здравје. Во еден напис на „Issues in Mental Health Nursing“, авторите истакнуваат дека регулирањето на нивото на витамин Д  кај лицата со „депресија и други ментални нарушувања може да биде лесен и евтин начин на терапија што може да долгорочно да ја подобри здравствена состојба на пациентите како и квалитетот на нивниот живот.“ Постои исто така и терапија со светло или фототерапија, каде пациентите – како тие што патат од сезонско афективо растројство, „седат до уред  што свети имитирајќи ја природната светлина“- објаснува Клиникта Мејо.

Витаминот Д дури се поврзува и со деменцијата и мигрените.

Поддржете ја нашата работа: