„Sony“ објави дека ќе прави робот што е „способен да создава емоционална врска со корисниците“.
Извршниот директор на „Sony“, Казуо Хираи, не ги открива деталите за роботот, но истакнува дека ќе предложи нов работен модел во кој ќе биде интегриран хардвер и функции што ќе му овозможат емоционално релевантни искуства.
„Sony“ се враќа на роботиката за игри, откако зголемената конкуренција на азискиот пазар доведе до огромно намалување на трошоците во 2006 година. „Sony“ сепак го лансираше „AIBO“- својот модел на куче-робот.
Покрај нивната популарност кај потрошувачите, роботите се користат од страна на истражувачите во бројни области, меѓу кои и за турнирот на роботски фудбал во 2005 година.
Една деценија подоцна, се чини дека многу технолошки компании наоѓаат начини да ја направат интеракцијата помеѓу човекот и робот што е можно попријатна.
Јапонската компанија „SoftBank“, го направи робот „Pepper“, за кој тврди дека има слични „емоционални“ карактеристики, додека фирмата „Boston Dynamics“ го претстави роботот „SpotMini“, кој има смисла за хумор.
Не изненадува што „Sony“ сака да се врати повторно во игра, откако направи голем исчекор со својот „AIBO“ робот-куче, со кој некои корисници се поврзаа дотаму што дури му правеа погреб.
Хираи исто така објави дека виртуелната реалност е уште една област која „Sony“ ќе ја развива во иднина.
Планирано е системот „PlayStation VR“ да биде претставен во октомври, а „Sony“ верува дека ќе ја преземе водечката улога во областите како забавата и дигиталната обработка на сликите, како и во игрите. Компанијата исто така вели дека има намера „да ја развие виртуелната реалност како нов бизнис домен“.
Статијата е објавена во „Futurism“.