„Спејс Екс“ планира денеска (сабота) да ја лансира својата најмоќна ракета, помеѓу 8 и 9 часот попладне, според источната временска зона (или помеѓу 2 и 3 часот по полноќ по наше). Минатото лансирање што „Спејс Екс“ го направи во јуни, беше неуспешно поради дефект во опремата, што доведе до експлозија што ја уништи ракетата и леталото „Dragon“.
Компанијата „Спејс Екс“ која е основана и предводена од милијардерот и претприемач Елон Маск, овој викенд, за прв пат ќе ја лансира усовршената „Falcon 9“. Ова ќе биде исто така и првото лансирање што „Спејс Екс“ го прави од минатиот јуни до сега.
Во пресрет на лансирањето, инженерите од компанијата направиле неколку промени на ракетата. Главната промена е надградбата на првата фаза на ракетата или засилувачот. Тоа е највисокиот дел од ракетата, лоциран на дното кој го носи леталото од тлото кон вселената. Поголемиот ракетен засилувач кој е околу 150 см. повисок обезбедува повеќе простор за сместување на екстра гориво и поголема моќност и брзина на ракетата
Новата усовршена „Falcon 9“ ракета сега е висока 70 метри и може да продуцира потисок од 771 000 кг. Тоа е за околу 90.700 кг. поголем потисок од претходните ракети на „Спејс Екс“ – или нешто повеќе од силата што ја продуцираат ракетните мотори „Merlin“ на „Спејс Екс“. Засилувачот на „Falcon 9“ користи девет „Merlin“ мотори, така што се чини дека компанијата со новите усовршувања додава екстра моќност на моторите.
Уште еден возбудлив резултат од овие усовршувања е тоа што „Спејс Екс“ сега може да се обиде да ги возобнови ракетните засилувачи после повеќето нивни мисии во вселената. Тоа значи повеќе обиди за слетувања и повисока веројатност за успех, иако компанијата сѐ уште не објавила дали ќе има слетување денес или не.
Оваа година Спејс Екс два пати се обиде да ги возобнови ракетните засилувачи, враќајќи ги на Земјата со ГПС наведување за потоа да ги успори и да ги спушти на брод-дрон во Атлантикот. Двата обиди завршија неуспешно, со експлозија, но од компанијата велат дека точно го лоцирале и го решиле проблемот и ќе спречат повторно да се случи истото.
Претходно, оваа компанија можеше да ги врши своите ракетни мисии на Меѓународната вселенска станица, бидејќи таа орбитира околу Земјата релативно ниско во споредба со комерцијалните сателити. Па така, ако „Спејс Екс“ ги лансира сателитите во орбитата, таа мисија би го исцрпела целото гориво од засилувачите и не би останало гориво за повратниот лет. Но, тоа сега е решено. Денес, „Спејс Екс“ во орбитата ќе однесе 11 сателити за телекомуникациската компанија „Orbcomm Inc“ и благодарение на новите усовршувања, засилувачот на „Falcon 9“ ќе има доволно гориво за да може да слета.
Дали „Спејс Екс“ ќе направи обид за слетување на ракетата сѐ уште е нејасно. Досега, компанијата е необично тивка па останува да видиме дали ќе има обид за слетување на ракетата.