Специјално пенкало за лица со Паркинсонова болест

СПОДЕЛИ

 Замислете како изгледа животот на луѓето кои страдаат од Паркинсонова болест,  гледаат како нивните моторни вештини и способноста да  држат вилушка постепено се влошува.

Сега, научниците им  нудат на  пациентите со  Паркинсонова мало олеснување и надеж со новото пенкало наречен АРЦ Пен. Пенкалото е дизајнирано да го спречи тресењето на раката кога  пациентите  пишуваат или цртаат. Луѓето со Паркинсонова болест доживуваат грчеви во раката кога се обидуваат да пишуваар , што ги прави нивните букви  екстремно мали и тешки  за читање. Состојбата  се нарекува микрографија. Додека пишувањето изгледа како едноставна работа  за повеќето од нас, за пациентите со  Паркинсонова болест оваа задача е прилично напорна и фрустрирачка.

 Дизајнирано  од страна на компанијата на „DOPA Solution“, АРЦ Пенкалото  користи високо фрекфентни вибрации за масажа на раката и  спречување на грчевите. Тоа, исто така, допринесува пенкалото многу полесно да се движи низ хартијата. Во пробното  тестирање на 14 лица  со Паркинсонова болест, научниците откриле дека АРЦ Пенкалото го подобрува  пишувањето  86% од времето.

Многу луѓе со тешкотии  за контрола на моториката се откажуваат од омилени, некогаш дури и суштински животни активности. Од компанијата  велат дека фокусираат  на потребите од  високото ниво, со цел  подобрување на квалитетот на животот.

 

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ