Потребното време за спиење варира од личност до личност, а веројатно има врска и со генетиката.Центрите за контрола и превенција при истражување на речиси 75.000 возрасни од 14 држави, изјавија дека 35% спијат помалку од 7 часа во текот на ноќта. Но, Националниот институт за здравство покажува дека оптималниот износ треба да е меѓу 7 и 8 часа. Постојат голем број апликации за вашиот паметен телефон кои имаат за цел да го мерат времето и квалитетот на сонот, како и да ги детектираат причините за лош сон.
Пред да започнеме со претставување на апликациите, мало предупредување: експертите за сон се скептични во врска со можноста на гаџетите да измерат колку добро спиеме. Издвојуваме неколку, за кои сметаме дека се вредни за внимание.
„Sleepbot„ (iOS, андроид ). За среќа, апликацијата е бесплатна.
„Sleepbot“ има три главни функции: следач на движења, звук-рекордер и паметен аларм. Можете да изберете да активирате една, сите или која било комбинација од овие карактеристики. За да ги следите вашите ноќни движења, вклучете ја апликацијата и поставете го телефонот со екранот надолу на вашиот кревет, во близина на телото. Звук-рекордерот автоматски ќе детектира зборување, ‘рчење и удари во текот на ноќта, па наутро ќе имате увид во нарушувањата на спиењето. Паметниот аларм детектира кога се наоѓате во „лесен“ сон и го одбира најдобриот момент за будење, во временска рамка од 30 минути пред вашиот избор.
„Sleepbot“ има позадина во смирувачка сина боја и графикони со податоци лесни за читање и анализа.
Друга добра опција која го следи сонот е „MotionX 24/7“ (0,99 $ iOS). Предноста на „MotionX 24/7“ е тоа што освен следењето на сонот, исто така, вклучува и педометар и монитор за отчукувањата на срцето. Со опцијата „timed activity“ можете да го следите вашето спортување и телесната тежина, а има и опција за поставување на бројот на чекори кој сакате да го постигнете во текот на денот. Се разбира, истата опција важи и за посакуваниот број на часови за спиење. „MotionX 24/7“ се интегрира со здравствените апликации на „Apple“.
Сепак, во споредба со други апликации кои се тестираат, мониторот за движење изгледа помалку чувствителен. Иако графиконите не се толку детални во споредба со некои други апликации, мултифункционалноста е јаката страна на „MotionX 24/7“.
Останати интересни апликацииза спиење се: „Sleep Cycle“ ($0.99 iOS, андроид), „Smart Alarm Clock“ ($1.99 iOS, андроид), „Time+“ ($1.99 iOS, бесплатна за андроид), „Pillow“ (бесплатно, iOS).
Сите имаат фантастични дизајни и разновидни опции. На пример, надградената верзија на „Pillow“ има функција за снимање на специфични влијанија на сонот како што се алкохол, замор, стрес, па дури и увид за тоа како фазата на месечината се одразува врз вашиот сон.