Стабилна држава, среќна нација. Извештај за Светската среќа 2015

Овогодинешниот извештај  бележи промени во нивото на среќа во 158 земји и ги испитува причините за фактичката статистика. Извештајот 2015 ќе им даде на светските лидери можност за преструктуирање на глобалната агенда и можност да се движат во правец кој ја вклучува среќата како суштинска компонента.

„Аспирациите на општеството се неговите членови да се развиваат“,  вели Џефри Сакс, еден од директорите на Универзитетот Колумбија.  

Извештајот вели дека факторите кои влијаат на добросостојбата не се само парите, туку и правичноста, искреноста, довербата и доброто здравје. Наодите ќе бидат корисни за сите земји при креирање на нови одржливи развојни цели.

Извештајот креиран од „Sustainable Development Solutions Network (SDSN)“, содржи анализа од водечките експерти во областа на економијата, невронски мрежи, национални статистички податоци и опишува како мерките на субјективна добросостојба може да се користат ефикасно да се оцени напредокот на нациите.

Земји со највисоко ниво на среќа се:

1.Швајцарија 
2.Исланд       
3.Данска        
4.Норвешка
5.Канада

Швајцарците имаат просечна оцена 7,56; Канаѓаните 7,43. Во првите 20 се рангирани Финска, Холандија, Шведска, Нов Зеланд, Австралија, Израел, Костарика, Австрија, Мексико, САД, Бразил, Луксембург, Ирска, Белгија и Обединетите Арапски Емирати.

Земјите со силен социјален и институционален капитал ја зголемуваат добросостојбата и се поиздржливи на социјална и економска криза. На пример, Фукушима се одрази на намалување на среќата на Јапонците, а поради рецесијата во Грција, забележан е најголем пад на нивото на среќа (1,5 поени). 

Извештајот 2015 открива трендови во податоците кои откриваат какви се всушност среќните земји. На скала 0 до 10, луѓето во над 150 земји, опфатени со истражувањето на Галуп во периодот 2012-15 година, имаат просечна оцена од 5,1.

Шест клучни варијабли влијаат на ¾ од варијациите во годишните национални просечни оценки во текот на времето и меѓу земјите: реалниот БДП по глава на жител, животниот век, имањето блиска личност, слобода за донесување на животни избори, слобода од корупција и великодушност. Оваа година за прв пат, има впечатливи разлики  во полот, возраста и регионот, некои многу поголеми од претходните.

Позитивен поглед во раните фази од животот е инхерентно посакуван и ги поставува темелите за поголема среќа во текот на зрелоста. Земајќи ги предвид добиените оцени на извештајот, ние мора да инвестираме уште во почетокот на животот на нашите деца, за воспитување на независни, продуктивни и среќни луѓе, кои придонесуваат за општеството.

Наодите покажуваат дека сите мерки на добросостојба на лично и национално ниво, вклучувајќи емотивни и животни процени, се под силно влијание на квалитетот на околните општествени норми и институции. Кога социјалните фактори се добро вкоренети и лесно достапни, заедниците и нациите се поиздржливи.

Поддржете ја нашата работа: