Тетово и Тузла се меѓу најзагадените градови во Европа

Македонскиот град Тетово, и Тузла, индустриски град во Босна и Херцеговина, се меѓу десетте европски градови со најголема концентрација на токсични ПМ10 честички во воздухот, се вели во студијата на Светската здравствена организација за 2018 година.

Тетово и Тузла во индустријата и греењето во домаќинствата во голема мера се потпираат на јаглен лигнит, што придонесува во загадувањето.

Високите емисии на гасови од старите автомобили, исто така, значително придонесуваат за загадувањето, се наведува во соопштението.

Светската банка проценува дека во Македонија околу 1350 лица годишно го губат животот поради загадувањето на воздухот со ситни честички додека економските трошоци надминуваат 200 милиони евра – пренесува Ројтерс.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt