Супермасивна црна дупка уништува ѕвезда со големина на Сонцето

Астрономите за прв пат сведочеа како ѕвезда со големина на Сонцето е целосно распарчена и уништена од страна на супермасивна црна дупка. Парчињата од ѕвездата формирале диск околу црната дупка, пред да исчезнат зад хоризонтот. А оние остатоци кои не биле проголтани од црната дупка биле исфрлени во вселената со големи брзини од страна на моќните магнетни полиња, во форма на млазови од плазма. Оваа спектакуларна смрт на ѕвездата им овозможила на научниците, со помош на оптички и радио телескопи, во невидени детали да го набљудуваат процесот на хранење на црната дупка, кој во случајов се одвивал многу побрзо, односно за само неколку недели. Супермасивната црна дупка е наречена „ASASSN-14Li“ и е оддалечена околу 300 милиони светлосни години. Таа е најмалку милион пати помасивна од Сонцето. Истражувањето е објавено во „Science“. https://www.youtube.com/watch?v=hu6hIhW00Fk

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt