Светот се подготвува за соларна катастрофа

Секоја секунда, Сонцето исфрла субатомски честички во форма на соларни ветрови со брзина поголема од 1 милион километри на час. Вообичаено, магнетното поле на Земјата го одбива поголемиот дел од нив, како што може да забележите на сликата.

 


Но, доколку многу моќни соларни ветрови се упатат кон нашата планета, лесно ќе го пробијат магнетното поле, ќе ги изгорат нашите електронски системи и ќе не вратат во мрачното доба – и тоа само во рок од неколку часови.

Канада го искуси ова во 1989 година кога силен наплив на соларни ветрови предизвика колапс на електроенергетскиот систем на Квебек во период од 9 часа. Доколку бурата била посилна, ќе имало и многу посериозни последици. Експертите проценуваат дека една екстремно силна бура би можела да предизвика 10 пати поголема економска штета од природните катастрофи во нашата пишана историја. НАСА предвидува дека има 12% шанси за тоа да се случи во текот на следната деценија, а Белата куќа не сака да се коцка со овие проценти. Иако не можеме да направиме ништо во врска со соларните ветрови, можеме барем да преземеме мерки за да ја ублажиме штетата.

Првиот чекор е предвидувањето на времето кога тоа може да се случи. Токму за таа цел, во моментов, Центарот за предвидување на времето во вселената на Националната океанска и атмосферска администрација го надгледува Сонцето 24 часа на ден.

Откако Сонцето ќе еруптира, Центарот може да ги предупреди соодветните агенции, вклучувајќи ги и авиокомпаниите, сателитските оператори и енергетските компании, 12-15 часа пред соларната бура да ја погоди Земјата. Исто така, треба да се предвиди и нејзината јачина. За таа цел, помеѓу нашата планета и Сонцето, во една невидлива точка во вселената наречена „L1“ се наоѓа сателитот наречен „Advanced Composition Explorer“ кој ги испраќа податоците назад со брзината на светлината, па имаме околу 15-60 минути за подготовка откако бурата ќе го погоди. Сателитот работи веќе 17 години и наскоро ќе биде заменет со сателитот „DSCOVR“ кој ќе служи како примарен систем за предупредување за соларни бури.


Во извештајот, Белата куќа ги повикува националните институции, агенции и услужни гранки во текот на следните две години да достават критични точки за преземање на одредени мерки, како на пример одредување на одредени инженерски стандарди, проценки на ранливост, поефикасни процедури и практики и сл. На пример, Одделот за домашна безбедност во рок од 120 дена треба да смисли мерки за справување со и опоравување од една екстремна соларна бура.

Ваквиот настан би имал глобално влијание, па покрај Америка, и Европската вселенска агенција соработува со научници од 14 европски земји за да развие предупредувачка мрежа.

Поддржете ја нашата работа: