На симпозиум во организација на Универзитетот Мекгил, како дел од годишниот состанок на Американската асоцијација за унапредување на науката, кој се одржа оваа недела во Сан Хозе, Калифорнија, светски реномирани експерти од Северна Америка и Велика Британија ги споделија нивните перспективи за терапевтскиот потенцијал на медицинскиот канабис.
„Ние треба да го подобриме нашето разбирање на улогата на канабиноидите, преку истражување и едукација на пациентите, лекарите и креаторите на политики”, вели д-р Марк Вер, директор на одделот за клинички истражувања во клиниката Алан Едвардс, Канада.
Како специјалист за болка, д-р Вер редовно гледа пациенти со тешка хронична болка во неговата клиника во Монтреал, а за некои од нив, марихуаната е кредибилитетна опција.
„Јас не мислам дека секој лекар треба да препише медицински канабис, или дека секој пациент може да има корист, но време е да се зајакне нашата научна база на знаење и да се водат информативни дискусии со пациентите“, истакнува д-р Вер.
Со зголемување на бројот на јурисдикции ширум светот се овозможи пристап до билниот канабис, како и низа на политички иницијативи кои го регулираат производството, дистрибуцијата и овластувањето. Генералното верување е има малку докази за поддршка на канабисот како терапевтски агенс. Сепак, неколку лекови врз основа на тетрахидроканабинол (ТХЦ), психоактивна состојка на марихуаната, се одобрени како фармацевтски лекови.
Водечкиот британски истражувач на канабис, професорот Роџер Перти, кој во 70-тите го откри присуството на тетрахидроканабиваринот (ТХЦВ) во марихуаната во 70-тите, неодамна објави наоди на потенцијални терапевтски потенцијали на канабисот.
“Имаме забележано дека ТХЦВ , компонента на канабисот која не е психоактивна, произведува анти-шизофрени ефекти во претклиничките модели на шизофренија”, вели Перти.
Невропсихијатарот и директор на Центарот за истражување на медицинската марихуана на Универзитетот во Сан Диего, д-р Игор Грант, е заинтересиран за краткорочните и долгорочните невропсихијатриски ефекти од употребата на марихуана. Тој спроведе едно од најпознатите детални истражувања на терапевтските ефекти на медицинска марихуана во САД.
„И покрај општо мислење дека употребата на канабис резултира со оштетување на мозокот, мета анализата на долгогодишните неурокогнитивни истражувања не покажа значајно когнитивно опаѓање кај рекреативните корисници”, вели д-р Грант. Резултатите се променливи, но сумирано, зборуваме за нулта наоди.
Д-р Грант додава дека иако е веродостојно да се претпостави дека изложеноста на канабис кај децата и адолесцентите би можела да го наруши развојот на мозокот или да предиспонира ментална болест, сепак постои недостаток на соодветни истражувања за проверка на хипотезата.
ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.