Свињите како совршени донори на органи

Една од најголемите е можноста ендогените ретровируси од свињата да се реактивираат и да го инфицираат организмот на примателот.

Но, според извештајот од истражувањето објавен во списанието „Nature“, генетичарот Џорџ Черч и неговиот тим од Медицинската школа на Харвард се надеваат дека успеале да го надминат овој проблем. Тие со помош на техниката за модификација на гени „CRISPR“, успеале да инактивираат 62 од овие гени во ембрион на свиња.

Другиот голем проблем е отфрлањето на трансплантираниот орган од страна на имуниот систем на примателот. Според извештајот на научниците, тие успеале да го надминат и овој проблем со тоа што во одделни ембриони направиле модификација на над 20 гени, одговорни за протеините што го поттикнуваат имуниот одговор.

За да можат органите од свињите да бидат погодни за трансплантација, потребно ќе биде  да се направат двете модификации во ембрионот од свињите. Иако научниците се’ уште  не ги комбинирале двете модифкации во еден ембрион, тие наскоро ќе бидат подготвени да ги имплантираат експерименталните гени во женки-свињи кои ќе бидат одгледувни во услови заштитени од патогени и се надеваат дека нивните органи ќе бидат погодни за трансплантација кај луѓе.

Поддржете ја нашата работа: