Таинствениот „X-37B“ е речиси 600 дена во орбитата

Експерименталното тајно вселенско летало на американските воздухопловци „X-37B“, ближи 600 дена континуиран непрекинат лет во Земјината орбита.

Лансиран е од воздухопловната база „Cape Canaveral“ со ознака „OTV-4“, кратенка од „Orbital Test Vehicle-4“ во мај 2015 година, како четврти лет во програмата „X-37“. Што точно е мисијата на споменатото летало, и уште колку долго ќе остане во орбитата засега останува тајна.

x-37b-4-1200x859
Првата таква мисија е лансирана во април 2010 година, а заврши истата година во декември, после 224 дена во орбитата. Втората мисија во која е користено друго вселенско летало, и која е моментало во вселената, е лансирана во март 2011, а заврши во јуни 2012 година, после 468 дена во орбитата. „OTV-3“ повторно во вселената испрати летало користено во текот на првата мисија.

Иако претходните три мисии завршија со слетување во базата Венденберг во Калифорнија, се’ уште не е потврдено дека тоа ќе биде случај и овојпат. Со завршување на програмата на спејс-шатл, отворен е нов слетувачки простор, наменет за ваков тип на летало, на пистите на вселенскиот центар Кенеди, што некогаш беше примарно слетувачко место за вселенски бродови.

Последниот лет на спејс-шатл се случи во 2011 година, кога се повлече од употреба после полни 30 години работен стаж. Позади него остана голема неискористена логистика која може да послужи како поддршка за програмата „X-37“.

X-37B Orbital Test Vehicle 1
За разлика од спејс-шатлот, програмата „X-37“ се состои од само две беспилотни, автоматски вселенски летала. Програмата ја започна НАСА во 1999 година, со намера за изградба на два модула кои би се користеле за време на мисијата: орбитално вселенско летало и модул за слетување.

Пет години подоцна програмата е отстапена на армијата, која што Агенцијата за напредно истражување „DARPA“ ја довршила и во повеќе наврати го тестирала модулот за слетување. Орбиталната компонента никогаш не заживеала, нацртите од НАСА им послужија на воздухопловните сили како темел за изградба на она што денес ни е познато под името „X-37B“.

Таинственоста со која е опкружена програмата се покажа благородна за голем број теории на заговор, а една од истакнатите е можноста за уништување или заробување на непријателски сателити.

x37b-3-atlas-5-1200x800Независните експерти се сомневаат во воената компонента; велат дека станува збор само за тест на издржливост и сигурностна новата опрема. Леталото не изгледа претерано ротирачко за такви тешки маневри, а и самата негова големина не остава простор за прием на тешки сателити. Освен тоа, доколку се набљудува неговото движење, се забележува дека може да слета само на точно одредена и однапред подготвена писта, што го прави лесен плен.

Со димензии од 9 метри во должина, 2,9 метри височина, и распон на крилата од 4,55 метри, „X-37B“ ја смалува верзијата на спејс-шатлот. Но, Боинг најави можност за градење на поголема верзија на ова летало кое ќе биде со ознака „X-37C“, кое би можело да прими до 6 астронаути, и да се испратат во ниската Земјина орбита.

Поддржете ја нашата работа: