Група истражувачи пронашле 49 природно настанати дупки во Кина за кои велат дека кријат големи тајни.

Истите ги откриле за време на четиримесечното истражување на планините „Qinling-Bashan“, претходно познати како Јужните Планини, кои се наоѓаат во подрачјето на Ханжонг (Hanzhong) во кинеската провинција Шенкси (Shaanxi).
3ad3338900000578-3979100-mysterious_a_group_of_49_sinkholes_have_been_discovered_in_the_q-a-60_1480349235792-1
Тие се наоѓаат на површина од 4500 км2. Најголемата дупка има дијаметар од 0,5 километри и длабочина од 0,315 км.

Научниците сметаат дека дупките се појавиле постепено во текот на стотици илјади години, како што подземните води ги растворувале карпите од варовник.

Овој процес може да се види и во другите области на нашата планета.
3ad3ca9700000578-3979100-image-m-70_1480349330148
Францускиот истражувач на пештери Жан Пута (Jean Poutasi) истражил една новооткриена дупка и ја нарекол „најубавата дупка на светот“-пренесуваат кинеските медиуми.

Научниците исто така откриле неколку видови на ретки растенија и кинески летечки верверички со светло црвена кожа.giant-sinkhole-cluster-china-flying-squirrels

Локалните власти се надеваат дека интересот за дупките, како и убавата глетка, ќе привлечат туристи во регионот. Исто така ќе се заштити оваа област која може да содржи важни геолошки информации за климата во минатото.

Експертот Рандал Орндорф изјави – „Феноменот за природно настанатите дупки, всушност е влошување на почвата поради пропаѓање на тлото кое настанува кога се формира празнина под земјата“

Тие можат да настанат постепено или брзо, и понекогаш можат да проголтаат згради, возила или да однесат човечки животи.

Без напредната технологија како што се подземните радари, на површината често не постои индикација дека ќе се отвори дупка се додека почвата под неа не се распадне.

Некои човечки активности – како што се градежништвото или лош водоводен систем можат да предизвикаат дупки, кои би довеле до сериозни оштетувања.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt