Tesla ја одбра локацијата за својата фабрика во Кина. Компанијата одбра локација во Шангај на која ќе биде изградена првата Gigafactory во Кина, но и првата фабрика надвор од САД.
Компанијата најави дека изградбата на погонот ќе започне наскоро, а производниот процес, за две до три години. Се предвидува фабриката годишно да произведува околу 500.000 возила.
Целта на Tesla е да го зголеми производството на возила што ќе придонесе и до можност за производство на поевтин автомобил.
Желбата на Маск е развој на возило кое ќе чини помеѓу 20 и 30 илјади долари. Се мисли дека единствена пречка за остварување на оваа идеја сега е производствениот капацитет на фабриките во САД.
Според договорот кој компанијата го потпиша со властите во Шангај, фабриката ќе произведува 500 000 возила годишно.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























