Топ 10 револуционерни научни теории

Ги издвојуваме 10-те најреволуционерни теории досега.

10. Теорија на информацијата: Клод Шенон 1948 година

Оваа теорија не е многу револуционерна, со оглед на тоа што не постои никаква теорија пред неа која би ја револуционизирала. Како и да е, Шенон несомнено ја постави математичката основа за многу други револуционерни откритија, вклучувајќи ја електронската комуникација и компјутерските науки. Без оваа теорија, не би можеле да го користиме битот како основна единица мерка за информации.

9. Теорија на игрите: Џон фон Нојман и Оскар Моргенштерн, 1944 година (со помош на Џон Неш во 1950 година)

Развиена за економијата, каде што има одреден успех, оваа теорија не го револуционизира целосно тоа поле. Но, беше нашироко прифатена од многу други општествени науки. Се применува дури и кај секојдневни активности како покер, фудбал и сл. Џон Неш доби Нобелова награда за неговиот придонес на теоријата на игрите, а неговиот проблематичен живот послужи како инспирација за книгата „Прекрасен ум“. Не очекувајте да научите нешто за оваа теорија само со тоа што ќе го изгледате филмот.

8. Теорија за согорување на кислородот: Анотан Лавоазје. 1770-тите години

Лавоазје не го открил кислородот, но открил дека се комбинира со други супстанци кои согоруваат. Така ја отфрлил доминантната флогистонска теорија и го отворил патот за развој на современата хемија.

7. Тектонски плочи: Алфред Вегенер, 1912 година; Џон Тузо Вилсон, 1960-тите години

Вегенер сфатил дека континентите се поместуваат уште во 1912 година, но дури во 1960-тите научниците ги поврзале податоците во теорија за тектонските плочи. Канадскиот геофизичар Џон Тузо Вилсон ја играл клучната улога, а учествувале и многу други значајни научници.

6. Статистичка механика: Џејмс Клерк Максвел, Лудвиг Болцман, Џ. Вилард Гибс, кон крајот на 19-тиот век

Со објаснување на топлината од аспект на статистичкото однесување на атомите и молекулите, статистичката механика и даде смисла на термодинамиката и обезбеди силни докази за реалноста на атомите. Покрај тоа, ја постави улогата на математиката во физичките науки.

5. Специјална теорија за релативноста: Алберт Ајнштајн 1905 година

На некој начин, посебниот релативитет не е толку револуционерен бидејќи зачувува голем дел од класичната физика. Но, сепак, го спои просторот и времето, материјата и енергијата, ги овозможи атомските бомби и забавеното стареење во вселената. Што е пореволуционерно од тоа?

4. Општа теорија за релативноста: Алберт Ајнштајн, 1915 година

Општата теорија за релативност е многу пореволуционерна од специјалната, бидејќи го отфрла Њутновиот закон за гравитација во корист на искривениот простор. Исто така, оваа теорија им ги отвори очите на научниците за историјата на проширувањето на универзумот, а на писателите на научна фантастика им овозможи нова тема – црните дупки.

3. Квантна теорија: Макс Планк, Ајнштајн, Нилс Бор, Вернер Хајзенберг, Ервин Шродингер, Макс Борн, Пол Дирак, 1900 – 1926 година

Квантната теорија ја растргна класичната физика, ги урна обичните поими за природата на реалноста, ги поби сите филозофии за причина и последица и откри карактеристики на природата кои никој не би можел ни да ги замисли. Сериозно, тешко е да се поверува дека се наоѓа на 3-то место.

2. Еволуција преку природна селекција: Чарлс Дарвин, 1859 година

Дарвин покажа дека сложеноста на животот и односите помеѓу формите на живот може да се појават и да преживеат од природните процеси. Тој го отвори човековиот ум кон природните науки, без влијание на натприродните предрасуди. Неговата теорија е толку револуционерна, што некои дури и денес се сомневаат во истата.

1. Хелиоцентричен систем: Коперник, 1543 година

Еднo од најголемите откритија, зачнати од античките Грци, но потврдени дури 2 милениума подоцна – Земјата се врти околу Сонцето (како и другите планети). Се наоѓа на првото место, бидејќи е прва теорија воопшто. Самиот збор „револуција“ потекнува од Коперник.

Поддржете ја нашата работа: