Товарот на тајните

Вложувањето напор да ги задржите вашите тајни води кон тоа да се чувствувате, односно вложувате помалку напор и енергија за други задачи, па поради тоа тајните претставуваат поголем предизвик и забрана”, вели д-р Мајкл Слепиан, истражувач во бизнис школата во Колумбија и водечки автор на истражувањето. Зборуваме за истиот вид на последици кои се видливи кога луѓето се носат со физички оптоварувања.

Два вида на тајна

За потребите на истражувањето, 452 мажи и жени биле замолени да се сетат на многу стресна преокупирачка тајна од својот живот – на пример финансиски долгови, сексуална ориентација, или здравствен проблем или на помалку стресни непреокупирачки тајни, кои не предизвикуваат секојдневна грижа. Потоа им била прикажана слика од еден рид и побарано било да ја оценат неговата стрмност.

Што утврдија истражувачите? Учесниците кои биле замолени да се потсетат на лични преокупирачки тајни постојано го оценувале ридот како поостар од оние во другата група. Според истражувачите, големата острина на ридот е доказ дека светот се перцепира како понапорен.

Истражувачите заклучиле дека тешките преокупирачки тајни можат да влијаат на перцептивното расудување, па дури и однесување.

Да се ​​биде преокупиран со тајна може да биде демотивирачки. А знаеме дека мотивацијата влијае на вашата општа ефикасност во извршување на обврските.

Решение?

Во одделен експеримент, истражувачите откриле дека откривањето на тајната го елиминира нелагодното чувство.

Кога зборувате за својата тајна, вие започнувате да размислувате за неа конструктивно- ја процесирате, осмислувате и наоѓате можни решенија. Со тоа се намалува преокупацијата со тајната, односно исчезнува товарот кој ве гуши.

Авторот додаде дека, во случај кога е подобро да не се обелоденува тајната, едноставно со запишување и анализа на тајната се’ уште може да се ублажат негативните ефекти од истата.

Трудот е објавен во „Experimental Psychology“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.