Транс мастите ја уништуваат меморијата кај мажите од рана возраст

Новите правила за производство на исхрана ги тераат компаниите да престанат да додаваат транс масти во исхраната, а истражувањата продолжуваат да докажуваат какво е нивното влијание на здравјето. Новите истражувања покажуваат дека конзумирањето на транс масти може да биде поврзано со влошување на меморијата кај младите машки лица.

Резултатите од студијата покажуваат дека адолесцентите, вклучувајќи ги и мажите со возрасна граница до 45 години кои конзумираат високи количини на транс масти им е потешко да ги решат тестовите за меморија отколку лицата кои се хранат здраво.

“Транс мастите исто така се силно поврзани со влошување на меморијата на луѓето во репродуктивна возраст”, вели авторот на студијата, д-р А. Беатрис Голомг, професор по медицина на УЗ Сан Диего.

Научниците се фокусирале на врската помеѓу транс мастите и меморијата кај мажи помлади од 45 години. Лицата постари од 45 години не учествуваат во студијата поради оштетувањата на мозокот кои се јавуваат подоцна во животот, а истите можат да влијаат на заклучоците за ефектите од исхраната врз меморијата.

Претходните студии поврзани со конзумацијата на транс масти се со многу негативно влијание врз човечкиот метаболизам, нивото на масти во крвта, воспаленија, состојба на срцето и општата здравствена состојба. Истражувањата покажале дека конзумирањето на транс масти може да биде виновно за проблемите во однесувањето и расположението.

Не е јасно како транс мастите влијаат на меморијата. Едно можно објаснување е дека тие дејствуваат како стрес за клетките кои можат да влијаат на меморијата и когнитивните функции.

Друго можно објаснување е дека транс мастите промовираат воспаленија кои придонесуваат за проблеми со меморијата. Алцхајмеровата болест на мозокот се смета за воспалителна состојба. Постои и трета потенцијална опција.

Имено, транс мастите го спречуваат производството на молекули омега 3 масни киселини од долгиот ланец кои телото ги изработува од молекули на омега 3 масни киселини од краткиот ланец кој луѓето го внесуваат со растителна исхрана. Долгите синџири на исхрана се потребни за човечкото тело и освен тоа омега 3 масните киселини делуваат анти-воспалително, вели Д-р. Голомб.

Поддржете ја нашата работа: