Целта во животот и здравјето

презентирано на научната сесија на Американската Асоцијација за срцеви заболувања во Балтимор на 6 март 2015 година.

Според новите анализи „да се има цел во животот“ се дефинира како чувство на значење, насока и чувство дека животот вреди да се живее. Претходни истражувања ја потврдиле врската помеѓу психичкото здравје и благосостојбата и високо развиеното чувството за цел во животот, но новите анализи на „Mount Sinai“ покажуваат дека чувството за цел животот се поврзува повеќе со намалување на смртноста од која било  причина за 23%  и го намалува ризикот од срцев и мозочен удар или од бајпас операции и стентирање за 19%.

Истражувачите разгледале 10 релевантни истражувања со податоци за повеќе од 137 000 лица, за да го анализираат влијанието на чувството за цел во животот и смртноста, како и ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Мета-анализата покажала дека лицата со помалку изразено чувство за цел во животот имаат поголема веројатност да починат или да доживеат срцев напад.

„Претходни истражувања ја покажаа врската на различни психосоцијални ризик фактори и срцевите заболувања, меѓу кои негативните фактори како анксиозноста и депресијата и позитивните фактори како оптимизмот и социјалната подршка. Врз основа на нашите наоди, идните истражувања би требало понатаму да ја проценат важноста на животната цел како детермината на здравјето и благосостојбата и да се оценат стратегиите што се креираат со цел да им помогнат на поединците да го „подобрат“ чувството за цел во животот“, велат истражувачите.

Поддржете ја нашата работа: