Центарот на Осло без автомобили до 2019 година

Организирана како дел од „Европската недела на мобилност“ минатиот месец, во иницијативата се вклучени 246 градови од 14 земји во Европа, меѓу кои и Будимпешта во Унгарија, Лисабон во Португалија и Стокхолм во Шведска, кои ќе поминат еден ден без автомобили.

Иако еден ден без автомобили е добар гест, сепак тоа нема многу да придонесе за здравјето на жителите на големите градови и животната средина, па затоа Норвешка решила да оди чекор понапред.

Во Осло сега живеат 600.000 граѓани, од кои 350.000 поседуваат автомобил, а 90.000 жители работат во централното градско подрачје, па затоа градските власти во овие четири години треба да обезбедат соодветни опции за превоз. Како што пишува „Ројтерс“, локалните власти се обврзале да изградат најмалку 60 километри нови велосипедски патеки, како и да овозможат голем поттик за инвестирање во јавниот превоз.

Автобусите, трамваите, како и возилата за хендикепирани лица и за дотур на стока за продавниците и понатаму ќе бидат дозволени.

Општинските власти на Осло се надеваат дека со ова ќе се намали емисијата на стакленички гасови за пет години до  50%, од нивото од 1990 година. До 2019 година, се планира да се намали автомобилскиот сообраќај низ целиот град, не само во центарот за 20%.

Поддржете ја нашата работа: