Црните дупки може да не уништат и од илјадници светлосни години далечина

Универумот е прекрасно место што заслужува почит, сѐ додека не се сетите дека повеќето работи што ги содржи претставуваат закана за животот на Земјата. Опасните астероиди, смртта на нашето Сонце, па дури и црните дупки одалечени светлосни години, можат да ја уништат нашата мала планета.

Како што се објаснува во последната епизода од „Kurzgesagt“, црните дупки можат да исфрлаат екстремно силни енергетски импулси што се наречени блесоци од гама зрачење – или „смрт од вселената – како што тие сакаат да ги нарекуваат, во секое време, насекаде, а ние само може да се надеваме дека нема да им се најдеме на патот кога тоа ќе се случи.

Supernova-web_1024

Гама зраците се електромагнетни бранови кои носат енергија, исто како и видливата светлина. Но за разлика од светлината,тие се многу, многу помоќни. Еден фотон од гама зраците има повеќе енергија од 1 милион фотони од видливата светлина заедно и може да предизвика пореметување во нашата ДНК.

За среќа, Земјата е заштитена од повеќето гама зрачења од вселената преку озонот. Но тоа се обичните гама зрачења, додека блесокот од гама зраци е исклучително силен. Тоа изгледа како да се собере енергијата од секоја ѕвезда во опсег од 100 милиони светлосни години, значи да се впие енергијата од илјадници галаксии, секоја со по милијарди ѕвезди и сета таа моќ да се концентрира во еден ласер. Така изгледа блесок од гама зрачење.

Досега се познати два вида блесоци од гама зрачење – долги и кратки. Долгите траат околу една минута и се смета дека потекнуваат од распаѓањето на супернова во црна дупка. Кратките траат само секунда и научниците сметаат дека се јавуваат кога се соединуваат две бинарни ѕвезди за да формираат црна дука.

И двата случаи завршуваат исто – со формирање на црна дупка која е опкружена со магнетизиран диск од гас, остаток од нејзината матична ѕвезда (или ѕвезди).

Како што се објаснува во видеото, ротацијата на црната дупка го покренува магнетното поле кое во вид инка исфрла жежок млаз од честички кои патуваат со брзина на светлината. Гасовите внатре во инката создаваат два екстремно фокусирани млазеви од гама зраци, кои еруптираат надвор од црната дупка, слично како ласерски пиштол.

Вакви блесоци од гама зрачење се јавуваат насекаде во Универзумот – телескопот на НАСА „ Fermi Gamma-ray Space Telescope“, регистрира во просек по еден дневно. Но, колку што ни е познато, досега во нашето вселенско соседство ниеден не бил директно насочен кон нас.

За среќа, бидејќи дури и ако тоа се случи на оддалеченост од неколку илјади светлосни години, гама блесоците би можеле потполно да ја збришат нашата озонска обвивка и да ја остават планетата – и најсложените форми на живот, изгорени од сончевото зрачење. Погледнете го видеото како тоа изгледа на дело.

Всушност, таа деструктивна сила е причината зошто некои научници сметаат дека сѐ уште не сме виделе знаци за вонземен живот некаде во Универзумот.

И што е најзастрашувачки, бидејќи блесоците од гама зрачење се движат со брзината на светлина, еден таков може во моментов да патува кон нас, а ние не можеме да добиеме никаков знак што ќе не предупреди се додека не нѐ погоди – и нѐ „збрише“.

Поддржете ја нашата работа: