Убавината на полжавите

„Повеќето луѓе сметаат дека полжавите се грди и лигави, а некои и навистина се такви. Но, има видови кои се многу убави и покажуваат интересно однесување“- вели фотографот Инго Арнд, кој решил да ја фотографира убавината и колоритот на полжавите од разни делови од светот.

Тој забележал широк спектар на бои и шари на куќичката на полжавите – на пример на полжавите од родот „Amphidromus“; кубанските полжави „Polymita venusta„ и „Polymita picta iolimbata“.

 

„Caracolus excellens“ пак, има карактеристична рамна црна куќичка.

Покрај тоа што смета дека треба да се прикаже убавата страна на овие животни, Арнд исто така сака да го сврти вниманието на пошироката јавност и за опасноста на која тие се изложени. Исто како и другите животни, уништувањето на природните живеалишта и загадувањето значи дека и илјадници видови на полжави се загрозени. Околу десет од познатите 200 видови, најверојатно се исчезнати.

Овие полжави се соочуваат и со една друга опасност – колекционерите. Ова особено се однесува на кубанските полжави. Арнд забележува дека многу од нив се прошверцувани надвор од  државата за колекционери од целиот свет. Поради ова, некои важни области се веќе празни, вели Арнд.

enauka.mk
9,240наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.