Ултра тенок 3Д екран без напојување

На прв поглед, статичниот сив екран, создаден од група на истражувачи од Хонгконшкиот Универзитет за наука и технологија, се губи помеѓу сета светкава и шарена технологија.

Течните кристални екрани (LCD) се користат во бројни технички уреди, од телевизори па се до часовници. Во традиционалните LCD екрани, течните кристални молекули се наоѓаат помеѓу две стаклени поларизирани плочки. Електродите влијаат на насоката  на течните кристали внатре и на начинот на кој тие комуницираат со поларизираната светлина. Светлината и темнината кои се отчитуваат на екранот се контролирани од страна на износот на тековната струја во внатрешноста на апаратот.

Новите дисплеи немаат електроди, што автоматски го прават екранот потенок. Кога сликата еднаш ќе се внесе на екранот преку флеш светлина, не е потребна енергија за да се задржи таму. Екраните користат енергија само кога сликата се менува и се особено корисни за оние апликации кога на екранот се прикажува статична слика во поголемиот дел од времето, како што се на пр. е-книгите или статусот на батеријата.  Дизајнирани се да прикажуваат слики во 3Д.
Новиот екран се’ уште не е подготвен да заблеска во полн сјај. Покажува слики само во сиви нијанси и не е доволно брз за да прикаже филм. Сепак, истражувачите се во процес на оптимизирање на нивниот уред за употреба на потрошувачите со додавање на боја  и подобрување на брзината. Тенкиот екран и минималната потрошувачка на енергија, исто така, би можеле да се користат за подобрување на постоечките екрани или како безбедносна мерка на кредитните картички.

Поддржете ја нашата работа: