Успешна регенерација на срцев мускул

Истражувањата направени на животни покажале дека е можно да се регенерираат срцевите мускулни клетки и до 45%, со помош на хормон кој помага да се усогласи  клеточниот раст.

„За разлика од клетките на крвта, кожата или косата, кои можат да се обновуваат во текот на животот, клеточната делбата во срцевиот мускул практично запира кратко време по раѓањето, што значи дека срцето не може потполно да се регенерира ако се оштети подоцна на животот“ – вели водачот на истражувањето, професорот Ричард Харви од Универзитетот во Нов Јужен Велс, Австралија.

Претходни истражувања покажале дека е возможно да се потикнат клетките од срцевиот мускул да се разможуват, но до незначително ниво. Овој пат, истражувачите успеале да го зголемат бројот на клетките во срцевиот мускул и до 45% после срцев удар.

Научниците се фокусирале на „сигналниот систем“ во срцето кој е предводен од хормон што се нарекува „неурегулин“.

Преку промената на активноста на хормонот, научниците откриле дека клетките од срцевиот мускул продолжуваат да се делат на спектакуларен начин. Стимулацијата на делувањето на неурегулинот за време на срцевиот удар, довело до замена на изгубеното срцево мускулно ткиво.

„Ова големо достигнување ќе го фокусира вниманието на замената на клетките од срцевиот мускул како терапевтски избор за исхемичната болест на срцето“ – вели проферсорот Харви.

„Нашиот сон е еден ден да можеме да го регенерираме оштетеното ткиво од срцето, слично како што на дождалецот повторно му расте нога ако му биде откината. Замислете срцето да се научи само да се регенерира и лекува. Тоа би била главната награда“ – нагласува професорот Харви.

Истражувањето, спроведено во Институтот за наука Вајцман, во соработка со Институтот за кардиолошки истражувања Виктор Чанг , е објавено во „Nature Cell Biology“.

Поддржете ја нашата работа: