Вакцина за болест пренослива преку комарци

Вирусот се пренесува преку бодеж од заразена женка -комарец. Симтомите на чикунгунија се треска, осип, главоболка и јаки болки во зглобовите. Симптомите се слични со тие на денга, друга тропска болест што исто така ја пренесуваат комарците, па често пo грешка се мешаат со оваа болест.

Според Ан Пауерс, од Центарот за третман и превенција во САД, тешко е да се утврди точниот број на инфицирани лица. Бидејќи не постои лек на располагање, болеста обично сама се повлекува. Меѓутоа и покрај опоравувањето од првичната инфекција, многу луѓе можат со месеци, па дури и години да се чувствуваат лошо, со јаки болки во зглобовите.

Болеста е често застапена во некои земји во Азија и Африка, а регистрирани се случаи и во Франција, Италија и САД.

Работејќи на вакцината против чикунгунија, која според СЗО почнува да зазема епидемиски размери, истражувачите користеле делови од вирусот, наместо мртви или ослабени вируси како што тоа вообичаено се прави кај вакцините. Експерименталната вакцина содржи протеин од надворешноста на вирусот земен од западно африканскиот вид на комарец, без генетски материјал што ја предизвикува инфекцијата.

Вакцината е тестирана на 25 млади волонтери во Америка и кај поголемиот дел стимулирала масовна продукција на антитела. Испитаниците добро ја поднеле вакцината. Дури и во помали дози, забележана е јака продукција на антитела.

Сепак потребни се уште клинички испитувања  и одобрувања пред вакцината да биде достапна за употреба.

„Во иднина, вакцината во земјите каде што болеста е постојано присутна, би можела да влезе и во нивниот рутински режим на вакцинација“.

До тогаш, најдобра превенција останува избегнувањето на убоди од комарците.”- вели Пауерс

 

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација