Важноста на очилата за сонце и заштитата на очите од сонцето

Додека повеќето од нас во летните денови користат крема за заштита на кожата од штетните зраци на сонцето, речиси сите ја потценуваат важноста на очилата за сонце и заштитата на очите од сонцето, покажува едно ново истражување спроведено во Америка.

Повеќето од нас не се свесни за опасните здравствени последици кои може да настанат од прекумерното изложување на очите на сончевите зраци без соодветната заштита, дури и во зима! Оштетувањето на очите може да започне по само 15 минути изложеност на штетното УВ зрачење.

За целите на истражувањето, била спроведена анкета низ целата земја и истражувачите откриле дека американците се запознаени со последиците од оштетувањето на кожата, како изгореници и рак на кожата, но не знаат како сончевите зраци може да ги оштетат очите. Изложеноста на УВ зрачењето може да предизвика изгореници на очите односно рожницата (фотокератитис), катаракта, па дури и да придонесе за развојот на макуларна дегенерација. Фотокератитисот или уште познато како „снежно слепило“ често настанува како последица на рефлектирањето на УВ зраците од снегот и може да биде исклучително болно. Снегот рефлектира до 85% од УВ зраците.

sunglasses-in-winterНашите очи се изложени на УВ зраци прилично насекаде – во автомобилот, каде асфалтот рефлектира 9% од УВ зраците, надвор за време на прошетка каде што бетонот рефлектира до 25% од зраците, а близината на водата е можеби најлошо со оглед на тоа што водата рефлектира 100% од зраците.

1B4D8FE28F115E27176087249EBF7A1B_mainУВ зрачењето всушност претставува некој вид на тивок убиец, кој има способност да ги оштети нашите тела до ниво на ДНК. Понекогаш, дури ни кремите за заштита не можат да не заштитат од најопасните УВ зраци.

Ова истражување ја потенцира важноста на соодветната заштита. Кога ќе купувате очила за сонце, запомнете дека УВ заштитата е поважна од стилот и одберете очила со соодветна заштита. Не заборавајте дека УВ зраците не доаѓаат само од Сонцето, туку често се рефлексија од други површини, како снег, вода или бетон.

Извор: „2016 UV Protection Report. The Vision Council. 2016“.

Поддржете ја нашата работа: