Вештачки желудник од матични клетки


Оваа прва молекуларна генерација на 3Д човечки гастритични органоиди  (анг. human gastric organoids) претставува нова можност за откривање на лекови, моделирање на раните фази на рак на желудник и увид во основата на дијабетесот поврзан со дебелината.

Исто така, создаден е и првиот 3Д човечки ембрионски „foregut“ , почетна точка за генерирање на други „foregut“ ткива на белите дробови и панкреасот.

Новото 3Д гастритично ткиво, има идентичен состав и архитектура на клетките како биолошкото.

Суштинската причина за создавање на човечките гастритични органоиди била да се идентификуваат чекорите при нормалното формирање на желудникот во текот на ембрионалниот развој. Преку манипулирање на нормалните процеси во петри сад, научниците успеале од  плурипотентните клетки, во текот на еден месец,  да создадат 3Д човечки гастритични органоиди со дијаметар од 3мм.

Гастричниот органоид ги имитира раните фази на гастричната болест предизвикана од бактеријата „H. pylori“, вклучувајќи го и активирањето на генот за рак наречен „c-Met“ и брзото ширење на инфекцијата во епителните ткива.

Човечкиот гастритичен органоид има огромен потенцијал за  идентификување на биохемиските процеси во цревата кои им овозможуваат на гастритичните бајпас-пациенти да се ослободат од дијабетесот набрзо по операцијата, пред значително да изгубат тежина.

Дијабетесот потикнат од дебелината и метаболичкиот синдром се во пораст. Досега, решавањето на овие и на други медицински проблеми поврзани со желудникот, било тешко поради недостатокот на релевантни лабараториски модели кои ја симулираат човековата биологија.

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни!     

{loadposition like_article}
Поддржете ја нашата работа: