Во петокот, на 22-ри јануари, приватната компанија „Blue Origin“ на милијардерот Џеф Безос (основачот на Амазон), успешно ја лансираше и ја призејми својата ракета за повеќекратна употреба – по втор пат! Со тоа, оваа компанија влезе во историјата како прва која успеала успешно да слета истата ракета два пати.
Ракетата наречена „New Shephard“ се’ уште не е способна за извршување на мисии во орбитата, но ова, како и претходното слетување во ноември минатата година, се доказ дека иднината на вселенските мисии е во ракетите за повеќекратна употреба. А тоа значи патување на луѓето во вселената подалеку од кога било досега.
На прв поглед, се чини дека „Blue Origin“ и „SpaceX“ меѓусебно се натпреваруваат во тестирањето на ракети, односно слетувањето на веќе искористени ракети, но разликата е во тоа што „SpaceX“ се обидува да ја призејми ракетата откако успешно ќе ја заврши мисијата на Меѓународната вселенска станица, што е од поголемо значење, со оглед на тоа што ракетата на „Blue Origin“ се’ уште не е подготвена за извршување на какви било мисии во орбитата.