На сите им e познато колку е важно вежбањето, но тоа може во исто време да биде интересно и забавно. Во своето последно видео, тимот на „Mental Flos“ составил листа од 25 интересни факти во врска со вежбањето, што ќе ве натераат да станете и да се активирате, ако од ништо друго барем од љубопитност.
Редовното вежбање е од големо значење за одржување на здравјето и како што препорачува клиниката Мејо , возрасните здрави лица би требало да имаат барем 150 минути умерени или 75 минути енергични аеробни активности неделно. Сепак, како што се нагласува во видеото, постојат исто така и многу заблуди за тоа кога и како би требло да се вежба. На пример, иако најчесто се верува дека е најдобро да се вежба наутро, „Mental Floss“ објаснува дека нема идеално време за вежбање и дека вежбањето попладне или дури и навечер е подеднакво ефикасно како и утринското.
Покрај тоа, квалитетот на вежбањето, исто така може да се разликува во завсност од полот. На пример, како што се објаснува во видеото, иако мажите во просек побрзо го завршуват маратонот, жените успеваат да одржат константно темпо во текот на целата трка.
Доколку имате проблем да се придржувате кон рутината за вежбање, обидете се да вежбате во друштво. Во видеото се објаснува дека ако имате активен брачен партнер или пријател со кој ќе може да вежбате, тоа во голема мера ќе ја зголеми веројатноста да се придржувате кон фитнес режимот.
За повеќе интересни факти во врска со физичката активност, погледнете го видеото.