Во зависност од тоа во кој дел од светот се наоѓате, глетката на еден од најдобрите меторски дождови во 2015 година ќе ви биде пријатна (јужната хемисфера) или пак смрзнувачка авантура (северната хемисфера). Но, ако успеете да пронајдете чисто ведро парче небо, глетката на метеорскиот дожд Геминиди ќе биде неверојатна.
Метеорскиот дожд Геминиди го добил името по соѕвездието Близнаци (Gemini) и се случува секоја година помеѓу 4 и 17 декември. Оваа година се очекува својот врв да го достигне помеѓу 13 и 14 декември за оние кои живеат во северната хемисфера, и 15 декември за оние во јужната. Овие метеори се необично светли, бидејќи според „BBC“ тие се движат поспоро и горат посветло од другите метеори, па зад себе оставаат долга светла трага која може да биде бела, жолта, сина, црвена или зелена, што значи дека би требало да можат да се видат и без телескоп, насекаде низ светот.
Гледачите во северната хемисфера (вклучувајќи не и нас) ќе може да почнат да го гледаат метеорскиот дожд веднаш по зајдисонце, додека оние во јужната после полноќ.
Според експертите најспектакуларно треба да биде околу 2 часот изутрина (важи за целиот период), не поради тоа што тогаш ќе паѓаат повеќе метеори туку поради позицијата и степенот под кој се наоѓа нашата планета во однос на метеорите.