Подгответе се за спектакуларен метеорски дожд во комбинација со последната полна месечина за оваа година

Минатиот месец, светот ја доживеа рекордната супер -месечина, кога Месечината ја достигна својата најблиска точка до Земјата од јануари 1948 г. Ова беше најблиската полна месечина досега во 21 – от век, и тоа нема да се случи повторно се до 25 ноември 2034 г.

Ни преостанува уште една полна месечина до крајот на годината, и таа ќе се совпадне со еден од најдобрите метеорски дождови на годината.

Обично, полната месечина не се меша со метеорскиот дожд, поради зголемената светлина од месечината која го затемнува влијанието на метеорите. Но, метеорскиот дожд Геминиди не е обичен метеорски дожд.

Метеорите имаат тенденција да бидат особено светли, бројни и сигурни и можат да остават и долга трага на ноќното небо.

За време на својот врв, се очекува Геминиди да донесе импресивни 120 метеори на час.

„Обично, ова е најдобриот метеорски дожд на годината“ – вели Бил Кук, експерт за метеори на НАСА.

Оваа година, на 13 декември ќе можеме да ги видиме најсветлите метеори на куп, покрај светлиот одраз на Месечината.

Луѓето од северната хемисфера ќе можат да ги забележат метеорите веднаш по зајдисонцето, додека пак оние во јужната некое време по полноќ.

Најдоброто време за гледање, каде и да сте во светот, се очекува дека ќе биде околу 2 часот по полноќ на 13 декември. Се препорачува да си дадеме време од еден час за да ги забележиме, бидејќи на нашите очи им требаат 20 минути за да се прилагодат на темнината.

Метеорите треба да можат да се видат секоја вечер од 12-ти до 15-ти декември, и добрата вест е дека не ни треба посебна опрема за да можеме да ги видиме, само некое темно место далеку од светлата на градот.

29278838440_69283a6f75_o

Оваа година е посебна, бидејќи во исто време ја имаме и супер – месечината, која настанува кога Сонцето, Месечината и Земјата ќе се наредат во една линија, односно како што орбитира Месечината околу Земјата, таа ќе се најде на спротивната страна од Сонцето. Тоа предизвикува Месечината да изгледа многу поголема и посветла од вообичаено, па затоа се нарекува супер–месечина.

Овие супер–месечини не се толку невообичаени, со што следната ќе биде за една година, на 3 декември 2017 г.

Според „Space.com“, супер–месечината ќе го достигне својот врв во 19:05 часот по источно време на 14–ти декември за оние кои се на северната хемисфера, но ќе се појави во целост ноќта пред и после достигнувањето на својот врв, поради појавата и на метеорскиот дожд. Во јужната хемисфера, ќе го достигне својот врв во 11:05 часот наутро по австралиско време на 14–ти декември.

Исто така, како дополнување, покрај тоа што ќе можеме да го погледнеме метеорскиот дожд и супер – месечината, ќе можеме да видиме и планета.

„Сосема случајно, планетата Јупитер, што е единствената видлива планета во декември 2016 г., ќе се искачи на исток во исто време со метеорскиот дожд околу 2 часот по полноќ“ објаснува Брус Меклур за „EarthSky.org“.

Поддржете ја нашата работа: