Вистинскиот рок на траење на храната

Но, повеќето датуми за истекот на рокот на храната се произволно направени. Според податоците на Националниот совет за ресурси ФДА, Американскиот центар за контрола и превенција на болести, како и самите производители на храна, датумите на производство и истекот на рок, всушност значат дека во тој период производот ја достигнал границата на својот оптимален/врвен вкус и квалитет.

Во ред е да се јаде одредена храна со поминат рок. Сепак, ова не значи дека нема ризици. Храната создава бактерии и ако се присутни патогени, може да се јави труење пред или по датумот на амбалажата. Единствен исклучок е бебешката храна и со неа никако не смеете да експериментирате. „StillTasty“ e веб страница која направила компилација и анализа на податоците од горенаведените институции. Во продолжение следуваат неколку нивни корисни информации за тоа како да си ја зачувате храната и да заштедите.

Неварена живина – Најчесто, се водиме по правилото дека живината може да се чува во фрижидер еден до два дена по купувањето. Доколу е варена/печена, но пакувањето е неотворено, тоа ќе трае околу три до четири дена. Откако ќе се отвори, исто така ќе трае три до четири дена. Замислете, вистината е дека можете да го чувате во фрижидер 9 месеци.

Неварено говедско, телешко, свинско и јагнешко – Говедското месо може да се чува  во замрзнувач од 6 до 12 месеци и да го задржи квалитетот.

Јајца – Јајцата се прилично контроверзни. Најчесто се чуваат три до пет недели по купувањето. Но доколку ги замрзнете, можете да ги чувате во период до една година.

Сланина – Секој сака сланина, но колку долго треба да ја чувате во фрижидер пред да ја фрлите? Додека повеќето ќе ве советуваат да се држите до датумите, уште еднаш, не е важно многу. Ако се остави неотворена, можете да чувате сланина во фрижидер две недели. Откако ќе ја отворите, имате седум дена да ја изедете.

Шунка (и слични производи) – Ако наместо „употребливо до“ има во „продажба до…датум“, ако не ја отворите, екпертите велат дека може да ја чувате две недели. Но штом ќе се отвори, ќе имате само три до пет дена. „StillTasty“ додава дека комерцијално пакуваната шунка може да ја чувате во во замрзнувач еден до два месеци!

Јаткасти плодови – 10 до 12 месеци во кујнското шкафче

Отворена тегла на путер од кикирики ќе трае три месеци ако ја чувате во кујнско шкафче. Сепак, може (малку) да и го зголемире животот ако ја чувате во фрижидер, до четири месеци.

Тестенини – отворени  или неотворени, може да траат 3 години.

Чоколадо – чоколадите од кутија може да траат подолго отколку што би очекувале, ако се чуваат соодветно. „StillTasty“ советува дека доколку ги чувате на собна температура би траеле шест до девет месеци (дури и ако се отворени.) Дополнително, „StillTasty“ пишува дека може да се продолжи животниот век на чоколадото со одредување на температурата. „Како општо правило, ладењето на чоколадо може да го прошири рокот на траење од најмалку 25%, а замрзнувањето за 50%. Наместо во оригиналната, ставете го во пластична ќеса за замрзнување, запечатете цврсто и можете да го чувате во фрижидер до 18 месеци, задржувајќи го квалитетот.

Сепак, „StillTasty“ споменува дека ова не е случај за луксузни, рачно изработени чоколади – на собна температура, тие ќе останат свежи две до три недели.

Млеко – доколку го чувате во фрижидер, млекото генерално ќе остане добро за пиење околу една недела по истекот на рокот. Можете да го продолжите траењето на млекото за околу три месеци со замрзнување. (Текстурата ќе биде зрнеста, но можете да го користите за готвење).

Доколку има киселкаст мирис, жолтеникава нијанса на боја или грутки, значи дека е време да го фрлите.

Марула – Марулата ќе трае околу една недела во фрижидер, немојте да ја замрзнувате. За оптимална свежина се препорачува да не ја миете се до моментот на конзумирање.

Јогурт – Ако купите комерцијално пакуван јогурт, веќе чуван во фрижидер, можете да го задржите околу 7 до 10 дена од денот на истекот на рокот. Ако го замрзнете, можете да добиете еден до два месеци плус. Отворениот  јогурт ќе има оптимален вкус за 5 до 7 дена откако е отворен. Сепак, ако нешто не ви изгледа во ред, фрлете го.

Свеж, сиров лосос – Неотворениот лосос ќе трае еден до два дена од истекот на рокот. Меѓутоа, ако го замрзнете на време, може да добиете дополнителни два до три месеци со оптимален вкус.

Кечап – Оставен некаде во кујната, неотворениот кечап ќе трае околу една година. Откако ќе се отвори, ќе трае околу еден месец во кујнската остава и шест месеци во фрижидер.

Вино – Овде влијаат неколку фактори. Неотвореното црвено и бело вино ќе трае три години и подолго, во зависност од квалитетот. Поскапите фини вина може да траат и до 100 години!

Мед – Чувајте го  во оставата, ќе трае вечно!

Поддржете ја нашата работа: