Влекач со големина на авион имал улога на страшен убиец во Трансилванија

Се претпоставува дека огромниот летачки влекач со големина на авион бил најголемиот и најстрашниот предатор во подрачјето на древна Трансилванија, пишува Fox News. По прегледувањето на огромните вратни пршлени на ова суштество, наречено Hatzegopteryx – птеросаурус, кој бил широк 10 метри и имал огромен клун, научниците сега веруваат дека бил месојад кој се хранел со диносауруси и останати животни во Романија во текот на периодот Креда.

Krezubi Haptzegopteryx, припаѓал на летечката група на влекачи познати како Azhdarchidae. Обично влекачите од оваа група имале долг врат, дури и до 2 метри должина. Вратот на Hatzegopteryx бил нешто пократок и видливо јак со огромна мускулна маса. Тоа им помогнало на авторите на студијата, Д-р. Марко Витон, и ко-авторот Д-р. Дарен Наиш, да добијат јасна слика за мистериозното однесување на ова суштество.

“Ги споредивме сите карактеристики и структурата на неговите коски со сите останати огромни птеросауруси. Hatzegopteryx е неспоредливо појак во сите наши тестови. Фосилите се проучувани стотици години и до денес нема докази за постоењето на некој голем предатор”, вели Витон.

Hatzegopteryx немал со кого да се натпреварува и бил владетел на животните во Романија. “Овие животни биле масивни, а нивната брзина на летање била импресивна. Летале со брзина од 40 до 60 км/ч.”, додава тој.

Поддржете ја нашата работа: