Луѓето кои емигрираат поради поплави, суша и други природни катастрофи поврзани со климатските промени во голема мера доаѓаат од земјите со среден приход, а не најсиромашните како што вообичаено се верува, се вели во новата студија.
Понатаму, луѓето кои одлучуваат да мигрираат поради природни катастрофи често се високо образовани, а тоа значи дека климатските промени можат да предизвикаат излив на мозок кај поединци во земјите кои се во развој, оценува Linguere Mously Mbaye, советник во Банката за развој на Африка.
Екстремно сиромашните лица не можат да си приуштат иселување, а богатите наоѓаат начин да се сносат со промените плаќајќи услуги после природна катастрофа, наведува таа.
Нема веродостојна проценка за бројот на лица кои веќе емигрирале или тоа допрва ќе го направат поради климатските промени.
Меѓутоа, Меѓународната организација за миграција (IOM) предвидува дека ќе емигрираат меѓу 25 милиони до милијарди лица во целиот свет до 2050 година.
Ова прашање е од политичка важност поради глобалната криза со бегалци, бидејќи зачестени се повиците од страна на лицата кои емигрираат поради природни катастрофи поради осигурување на слични мерки за заштита како кон меѓународното право кое го уживаат бегалците од политички причини.
Mbaye, чија студија неодамна објави база на податоци, оценува дека не се знае доволно за климатската миграција.
“Луѓето мислат дека ордите пристигнуваат во богатите земји како резултат на климатските промени, но тоа е претерано”, вели таа.
Помеѓу 2005та и 2014та, дури 95 отсто од светските емигранти поради природни катастрофи, доаѓале од земјите кои се во развој, но дури 86 отсто од тој број бил од државите со среден доход како што се Индија, Кина и Пакистан, а само 9 отсто од земјите со низок доход.
Интражувачите така установиле дека поради поплави во повеќе од една деценија, жителите на Бангладеш биле приморани да се селат, но тоа го правеле локално и не оделе далеку.
Од друга страна во суб-сахарска Африка, каде гладот ги тера луѓето да ги напуштат своите домови, се создаваат притисоци врз градовите каде што пристигнуваат, и истите стануваат пренатрупани, нема работни места и тоа ја поттикнува миграцијата надвор од границите.
И покрај илјадниците предупредувања за раселување поради климатски промени, светот и понатаму не е спремен за таков предизвик, наведуваат експертите во документите подготвени за самитот на Г-20 водечките економии на светот.
Затоа експертите ја повикуваат власта да инвестира во инфраструктурни проекти и во социјални програми во државите изложени на климатски промени.
“Апсолутно од суштинско значење е да им помогне на луѓето да останат во својата земја, а тоа е често нивниот прв избор”, вели Shiloh Fetzek од американскиот Центар за клима и безбедност.