Влијанието на менструацијата врз женскиот мозок

Во текот на предменструалниот синдром (ПМС), хормоните започнуваат да варираат и да се менуваат мозочните хемикалии кои ве чуваат урамнотежени и алармирани, но што се случува во мозокот за време на менструацијата?

Менструалниот циклус: Менструација

Обично, жените го минуваат месечното крварење така што телото ја исфрла слузницата на матката додека менструална крв тече од неа преку малиот отвор на грлото на матката и преку вагината. Најчесто менструалниот период трае од три до пет дена, со просечен менструален циклус од околу 28 дена. Менструалниот циклус е нормален кога периодите доаѓаат редовно, алудирајќи дека важни делови на телото работат нормално. Во текот на месецот има многу подеми и падови на хормоните кои го контролираат менструалниот циклус.

Варијациите на естрогенот и женскиот мозок

Нивоата на естрогенот, прогестеронот, тестостеронот – трите главни хормони кои го контролираат менструалниот циклус, се релативно ниски во текот на првиот ден од крварење. Обично, по првите неколку дена, има пораст на нивото на естроген, кој го стимулира ослободувањето на ендорфин, кој ги редуцира менталните промени и хормоналниот облак присутен за време на ПМС.

Нивото на естроген е тесно поврзано со женската емоционална добросостојба бидејќи влијае на деловите од мозокот кои ги  контролираат емоциите“, вели д-р Бен Михаелис, клинички психолог во Њујорк. Тој смета дека првите неколку дена од менструалниот циклус обично се наречени „среќно време“ од месецот. Некои жени известуваат дека се чувствуваат поенергични, среќни, па дури и инспирирани. Порастот на нивото на естроген помага да се потиснат стрес-хормоните адреналин и кортизол.

Ефектите на женските хормони се толку моќни кога станува збор за здравјето на мозокот. Истражувањето објавено во списанието „PNAS“ во 2000 година, откри дека естрогенот ги зголемува синаптичките поврзувања во хипокампусот за 25 проценти. Хипокампусот е вклучен во краткотрајната меморија и донесувањето одлуки.

Порастот на нивото на естроген за време на менструалниот циклус ги одвраќа жените од импулсивни одлуки. Истражувањето објавено во „Journal of Neuroscience“ во 2014 година, најде негативна корелација помеѓу зголемемите нивоа на естроген и импулсивното однесување за време на менструалниот циклус.

Сепак, ниското ниво на естроген на почетокот на менструалниот циклус може да обезбеди бенефиции. Жените покажуваат поголема мозочна активност кога размислуваат за позитивно искуство на почетокот на нивниот циклус, од жените кои се наоѓаат во другите фази на циклусот.


Тестостеронот и женскиот мозок

Додека естрогенот ги зголемува синаптичките врски, производството на тестостерон го зголемува сексуалниот нагон на жената за време на периодот,  бидејќи прогестеронот е најнизок во тоа време. Комбинацијата на зголемувањето на нивото на естроген и тестостерон води кон зголемена сексуалност. Карличниот  метеж, или тежината која се чувствува за време на менструацијата може да предизвика или да се претвори во возбуда. Покрај тоа, се верува дека дополнителната лубрикација од менструацијата, ја прави пенетрацијата поудобна.

Периодот на болка и женскиот мозок

Менструалната болка е многу честа и често се доживува од страна на околу три од четири девојки и жени кои се соочуваат со различен интензитет во одреден момент за време на менструацијата, според „PubMed Health“. Многу девојки и жени имаат  проблеми како стомачни грчеви и болка. Сепак, без разлика дали болката е лесна или тешка,  влијае на вашето когнитивно функционирање.

Според Михаелис, менструалните болки и грчеви може да бидат поврзани со мозочни промени.

Жените кои имаат болни менструални грчеви се со поголема веројатност да покажат промени во обемот на сивата материја на мозокот.  Ова мозочно ткиво е составено од нервни клетки, што е спротивно на влакната кои се вклучени во преносот и контролата на болката, вклучувајќи ги и емоционалните реакции.

Периодот на болка влијае не само на сивата материја, туку на когнитивното функционирање во целост.  Во едно истражување од 2014 година, објавено во списанието „Pain“, се вели дека менструалните грчеви имаат значително негативно влијание врз способноста на жената да ги врши секојдневните работни задачи.

Менструацијата и мозочната моќ

Менструалниот циклус на жената влијае на нејзиниот мозок на голем број на начини, позитивни или негативни. Естрогенот, прогестеронот, тестостеронот се како рингишпил за време на менструалниот циклус кај жената. Хипокампусот, хипоталамусот и амигдала имаат тенденција да бидат погодени најмногу од овие подеми и падови. Тоа влијае на расположението, самодовербата на жената, и како таа се поврзува со другите.

Поддржете ја нашата работа: